Комплекс Домино

 

Поширокото централното подрачје во Скопје добива нов врвен резиденцијално-комерцијален објект, кој што и по својот габарит, по архитектониката, како и по својата естетика, ќе стане препознатливо обележје на главниот град. Инвеститор и изведувач на ДОМИНО е домашната градежна компанија Импексел 2, која има долгогодишно искуство во изградбата на станбено-деловни комплекси, како што е соседниот комплекс Гранд Престиж, а кај клиентите е препознатлива по довербата и по квалитетот на градбата.

Нашиот нов проект – ДОМИНО е лоциран во скопската општина Карпош, на булеварот Митрополит Теодосиј Глоганов. Домино е станбен комплекс кој што нуди висококвалитетно домување. Вкупната површина на која се гради изнесува околу  9.500 м2, а комплексот е развиен во две ламели. Соодветно на деталниот урбанистички план за овој дел од Скопје, катноста на едната ламела е приземје, единаесет катови и поткровје, додека на другата се предвидени  приземје, тринаесет катови и поткровје.

Квадратура на станови

 

Ексклузивноста која што го разликува Домино на пазарот на недвижнини се двата предвидени пентхаус апартмани, по еден во секоја ламела од Домино. Пантхаусите ќе бидат секој со по 700м2 површина, со сопствени базен и двор, со засебни два лифта, како и со сопствено ладење и греење.
Што се однесува до деловниот дел од комплексот Домино, тој ќе биде распореден на вкупна површина од близу 2.000 м2, со дополнителни околу 1.300 м2 подземни простории.

Двособни станови до 70м2

Четворособни станови од 100м2 до 150м2

Трособни станови од 70м2 до 100м2

Двоетажни станови од 40м2 до 100м2