Прва приватна компанија во Македонија која што започна да се занимава со производство на готов бетон. Импексел2 врши работи од сферата на проектирањето и надзорот, па сè до целосна сопствена инвестиција и изведба на големи објекти и станбени комплекси. Располага со три сопствени бетонски бази лоцирани во Гостивар, Тетово и Скопје.

Дознај повеќе

ВИЗИЈА

 

Нашата визија е со исклучителното професионално искуство да создадваме современи, просторно-естетски објекти, кои со своите архитектонски и конструктивни решенија се вклопуваат во најсовремените трендови на градежништвото и го одбележуваат времето во кое се создадавани. Поткревањето на стандардите на нашата услуга, квалитетот на градбата, како персонализираната грижа за клиентите, само го поткрева нашиот интегритет и довербата кој што го уживаме кај клиентите.

МИСИЈА

 

Нашата мисија е Импексел2 да го доведеме на ниво кое што ќе претставува синоним за квалитет и професионалност во градежната индустрија. Посветени сме кон постојано поткревање на квалитетот на градбата и употребените материјали. Задоволните клиенти се само уште еден импулс повеќе макотрпно да работиме на секој следен проект.