site icon logo

Импексел2 е градежна компанија основана 1994 година од страна на Г-дин Неим Хусеини. По негово раководство, во годините што следуваа компанијата прерасна во една од водечките градежни оперативи во Република Македонија. Импексел2 е првата приватна компанија во Македонија која што започна да се занимава со производство на готов бетон. Од тогаш, компанијата почна да се наметнува на пазарот со изведби на помали приватни и комерцијални објекти, и да работи врз проекти кои го збогатуваа компаниското портфолио, но, воедно, овозможи и стекнување со непроценливо искуство во оваа дејност.

Благодарение на големата посветеност на вработените, разноликоста на проектите и обем на дејности постојано се збогатува, така што денес, Импексел2 врши работи од сферата на проектирањето и надзорот, па сè до целосна сопствена инвестиција и изведба на големи објекти и станбени комплекси.

godini

Импексел2 располага со три сопствени бетонски бази, лоцирани во три различни градови во земјата. Едната се наоѓа во Гостивар (со капацитет 60 метри кубни на час), втората е во Тетово (со капацитет 150 метри кубни на час) и третата е лоцирана во Скопје (со капацитет 150 метри кубни на час). Произведениот бетон е со исклучително висок квалитет, докажан со соодветни сертификати, а сите материјали што се употребуваат се тестирани од страна на овластени институции.

Стекнатото громното искуство во изминатите повеќе од две децении, стручниот и подготвен тим, современата опрема и сопствената механизација, како и посветеноста на секој поединец од нашиот тим - се карактеристики кои што го прават Импексел2 еден од лидерите во градежната индустрија во Република Македонија. Квалитетот, експертизата и фокусот на секој следен проект, се трите вредносни столбови врз кои што почива филозофијата на деловното работење на Импексел2.