Импексел2 е градежна компанија основана 1994 година од страна на Г-дин Неим Хусеини. По негово раководство, во годините што следуваа компанијата прерасна во една од водечките градежни оперативи во Република Македонија.

Импексел2 е првата приватна компанија во Македонија која што започна да се занимава со производство на готов бетон. Од тогаш, компанијата почна да се наметнува на пазарот со изведби на помали приватни и комерцијални објекти, и да работи врз проекти кои го збогатуваа компаниското портфолио, но, воедно, овозможи и стекнување со непроценливо исклуство во оваа дејност. Благодарение на големата посвеноста на вработените, разноликоста на проектите и обем на дејности постојано се збогатува, така што денес, Импексел2 врши работи од сферата на проектирањето и надзорот, па сè до целосна сопствена инвестиција и изведба на големи објекти и станбени комплекси.

(*Да се види ова!) Импексел2 како градежна компанија располага со три сопствени бетонски бази, лоцирани во три различни градови во земјата. Едната се наоѓа во Гостивар (со капацитет 60 метри кубни на час), втората е во Тетово (со капацитет 150 метри кубни на час) и третата е лоцирана во Скопје (со капацитет 150 метри кубни на час). Произведениот бетон е со исклучително висок квалитет, докажан со соодветни сертификати, а сите материјали што се употребуваат се тестирани од страна на овластени институции.

Ние во Импексел2 постојано работиме на нашето сопствено усовршување, континуирано го модернизираме нашето работење, како и градежната опрема и оперативата и се трудиме да им го понудиме најдоброто од областа на градежништвото на сите наши клиенти. Подготвени сме за сите идни предизвици на модерната архитектура .

Leave a Comment